Продолжува „Рекет“, јавноста исклучена поради заштита на приватноста на Кичеец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Кривичен суд продолжи судскиот прокет за „Рекет“. Денеска продолжува слушањето на снимките кои ги направил Зоран Милевски – Кичеец, но судот по барање на Јавното обвинителство ја исклучи јавноста бидејќи во снимките имало моменти кои би ја нарушиле приватноста на Боки 13 и Кичеец.

Иако судењето требаше да почне во 12 часот, доцнеше 30 минути бидејќи доцнеше и спроведувањето на Боки 13 од затвор, кој при влегувањето се обрати кон новинарите дека бил нападнат од полициски службеник во затворот.

Рекет продолжува во понеделник кога ќе се разгледуваат докази обезбедени преку посебни истражни мерки, за кои јавноста ќе биде искучена. Во вторник започнува сослушувањето на сведоци предложени од одбраната.