Продолжува собирањето помош за Турција, активности во Чаршија и од Црвениот Крст на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овие јадења активистите на здружението „Копру“ ги подготвиле дома и ги продаваат по 100 денари парче. Собраните средства ќе бидат испратени во Турција како помош за настраданите од земјотресот.

Ваквата иницијатива е поздравена од скопјани, а тоа го покажува и нивната поголема желба за донирање пари отколку за земање храна.

„Ние како здружение за култура и уметност „УРА“ со канцеларија во Скопје, организиравме хуманитарна акција, заедно со студентите и учениците кои се активисти на нашето здружение за да им дадеме поддршка на настраданите од земјотресот во Турција. Ние како здружение од првиот ден сме дел од кампањата за собирање пари организирано од Сојузот на турските здруженија во Македонија.“, вели Хусрен Емин, претседател на здружението „Копру“.

Ова не е единствената помош од Македонија за Турција. Црвен Крст досега собрал 70 илјади евра, а директорот Саит Саити, упатува повик до граѓаните и компаниите да помогнат бидејќи, како што вели, следните денови можат да ја достигнат сумата од милион евра.

„Пратката се состои од 800 пакети со храна, 1.700 пакети со хигиена и 4.000 ќебиња. Ова е првата помош која ќе се испрати, вкупно околу 25 тони, вредноста на хуманитарната помош е околу 4 милиони и 300 илјади денари или околу 70 илјади евра.“, вели Саит Саити, директор на Црвен Крст.

Турскиот амбасадор, Хасан Мехмет Секизкок извести дека засега нема потреба за спасувачки екипи, а додаде дека турскиот народ е многу благодарен на екипите кои веќе се на терен.

„Заклучно со минатиот петок, во Турција е трансферирана сума од близу милион евра, но се надеваме за уште поголема сума. Турскиот народ со благодарност ќе се сеќава на оваа солидарност и признателност во овие тешки денови“, изјави Хасан Мехмет Секизкок.

Освен оваа помош, 5 последователни дена во Скопје се собираше и облека која се селектираше бидејќи граѓаните донирале и непотребни работи.