Продолжува традицијата на ифтари во Кичево – донаторите и младите самоиницијативно ги радуваат сиромашните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И оваа година продолжува традицијата со делење ифтари во центарот на Кичево кај Берза. Лицата со пониски примања и оваа година добија храна во текот на месецот Рамазан. Хуманите даруваат а овие млади на сопствена иницијатива се собираат секоја вечер, ги подготвуваат и ги делат. Нешто подготвуваат на скара а некои од производите ги пакуваат и ги делат.

„Исто како и минатата година и оваа продолжува традицијата на ифтари во центарот на Кичево, група млади и оваа година ја организираат оваа активност и оваа година во текот на Рамазан секоја вечер им делат ифтар на сиромашните, на оние на кои им е потребно, преку донации собираат производи ги подготвуваат ифтарите и чекаат да дојдат луѓето да дојдат и да си земат, секоја вечер даваат по 300, 400 до 500 ифтари, зависно од потребата“, истакна репортерката на ТВ21.

И не само тоа, овие млади луѓе преку донатори, бизнисмени и печалбари од Кичево ќе изградат 15 куќи за сираци и сиромашни. Земјиштето е обезбедено од семејството Зејноски кои донирале 3000 метри квадратни за изградба на куќите.

„Навистина ќе се обидеме да бидеме со нив за да ги претвориме солзите од тага, солзите на очајот во солзи радосници, благодарение на иконата на Албанците на Балканот, Халил Кастрати, благодарение на добротворните организации. Последниве денови телефонот не престанува да ѕвони од  огромната поддршка од дијаспората од Швајцарија, Америка, Германија, Австрија и кичевските бизнисмени. Пред неколку ја соопштив добрата вест  дека  бизнисменот Еуро Ука ни обезбеди по 15 керамички куќички и санитарна опрема за секоја куќа, како и уште едно лице кое е одговорно за федерацијата Мухамед Сејдини кој никогаш не нè оставил сами“, вели Шкодрам Алили.

Покрај ифтарите во центарот на градот, тие презедоа иницијатива да делат пакети со храна и во кичевските села.

„Имаме семејства во нашиот град и во селата кои се многу сиромашни. Секој пакет го земаме и го носиме до вратата од куќата, се трудиме да им помогнеме на тие луѓе колку што е можно повеќе. Не смееме да ги оставиме сами, тие се дел од нас, тие се наше семејство, тие се наши граѓани, се оди подобро отколку што мислевме, па ќе продолжиме“, посочи Бурим Сејдини.

Хуманизмот на кичевци не е само за месец Рамазан, туку континуирано. Како што е познато, голем број кичевци  се на печалба,  а не престануваат да им помагаат на своите сограѓани во татковината.