Продолжува вакцинацијата во Кичево, граѓаните ги пополнуваат формуларите во болничката гаража!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Втор ден од вакцинацијата во Кичево. Граѓаните се вакцинираат во старата зграда од болницата во Кичево, а прашалникот го пополнуваат надвор, кај гаражата. Ова е поради недостиг од простории во болницата во Кичево, за што ТВ21 известуваше неколку пати.

Во кичево минатата недела стигнаа 500 вакцини АстраЗенека, во петокот се вакцинираат 50 лица а денеска до пладне, 30. Лекарката која го следи процесот на вакцинација вели дека никој од 50-те граѓани кои се вакцинирале во петокот немал нус појави.

„До сега немаме пациенти со нус појави, пациентите се задоволни, никој не се пожалил на ништо“, изјави лекарка од кичевската болница.

Лекарката апелира до лицата кои се пријавиле на системот Мој Термин за вакцинирање а не доаѓаат да се вакцинираат, да ги откажат термините на време, со цел тие термини да се отворат за пациенти кои сакаат да се вакцинираат.