Белград и Приштина се далеку од компромис по ниту едно прашање, припадниците на специјалните единици Росу, вооружени и со блиндирани возила упаднаа во објектот на големата брана на езерото Газивода. Според српските медиуми, тие го истерале чуварот и ги отстраниле српските знамиња.
Косовската полиција не дозволува ниту пеш, ниту со возило да се премине на Јариње и Брњак. Косовските Срби остануваат на поставените барикади на повеќе населени места во знак на протест за вчерашното апсењето на екс полицаец. Еулекс соопшти дека нивна патрола синоќа била напдната со шок бомба во Рударе, но дека нема повредени. Шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ го обвини косовскиот премиер Курти дека постојано подметнува пожари, но дека Србите нема останат без поддршка.
ЕУ и САД со жестока осуда на нападите врз ЕУЛЕКС со шок бомба во северот на Косово каде што српското население кое е мнозинство постави барикади. Советот за безбедност на Косово заседаваше, додека српските власти испраќаат апели за смирување на страстите. Курти побара од КФОР да гарантира слобода на движење на северот на Косово.
Претходните денови беа забележани голем број инциденти на северот на Косово, а косовската полиција го зголеми присуството. Српските претставници од ноември ги бојкотираат институциите на Косово, поради тогaшниот проблем со регистерските таблички. По барање на Вашингтон, Приштина вчера ги одложи вонредните локални избори во четири општини, кој наместо следната недела ќе се одржат во април.
