Променливо облачно, од наутро во западните, а потоа и во северните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (понекаде со брзина од над 70 км/час).
Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно од претпладне со повремен дожд кој до крајот на денот ќе престане. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
