Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
