„Предизвиците и потребите на жените претприемачи“ беше темата на која се разговараше во Занаетчиската комора во Скопје. Учествуваа жени претприемачи од Косово, Албанија, Црна Гора, Србија и Украина.
Шпреса Селими, која беше промовирана како млад мајстор за козметика, рече дека нејзиниот пат бил тежок, но дека мора да се има храброст да се отвори бизнис.
– Тешко на почеток, но секој ден е лекција, секој ден ако го следите занаетот и ги видите новите работи, трендот, што е „мода“, во тој момент можете да постигнете сè. Сакам да им кажам на нашите девојки на нашите жени, направете чекор, покажете храброст, можете да успеете да бидете независни денес, во вашиот бизнис можете да чекорите сами, вели Шпреса Селими.
Зејџане Целина од Призрен рече дека од 18 години се занимава со сребро и полускапоцени камења. Таа објаснува дека за започнување бизнис се доволни од 3 до 4 илјади евра.
– Да не ја занемариме владината и локалната поддршка што ги поддржува стартапите, малите бизниси, ги поддржува жените со мала сума, да речеме, 3-4 илјади евра се мали пари за некого, но за бизнис штотуку започнат од жени е многу добра сума за преземање на првиот чекор. Но, за да го направиме тој прв чекор, таа жена, дозволете ми да апелирам или да им дадам порака на жените дека не треба да се плашат да застанат на нозе затоа што ние жените сме повредни и поголеми носители на одлуки, рече Зејџане Целина, координаторка на одделот за жени во занаетчиската комора.
Претседателот на Занаетчиската комора на Скопје, Горан Ристовски, истакна дека жените од последно време секој ден се повеќе отвораат сопствен бизнис и додаде дека денеска ќе бидат промовирани 18 нови занаетчии.
Ристовски истакна дека најбараните бизниси од жените овој период се козметиката и салоните за убавина.
