Пронајдено возило „бмв“ и ќе биде вратено на сопственикот за нецели два часа откако му било одземено

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 14.09.2021 во 18,07 часот Н.К. во СВР Скопје пријавил дека од ул.Никола Русински позади ТЦ Лептокарија, му било одземено патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, кое тој го оставил отклучено и во погон. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош и околу 20 часот возилото е пронајдено во с.Лака и ќе биде вратено на сопственикот. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.