„Дај Боже да се направи, нека се направи и нека работат бидејќи сосема ја заборавија оваа населба…“
Ова е ставот на жителите на Чаирчанка за одлуката на локалната власт за проширување на оваа улица. Повеќето граѓани се скептични дека ветувањето ќе биде исполнето и дека сообраќајот конечно ќе биде регулиран.
„Тука е катастрофа, сообраќајот е катастрофа. И добро, и лошо направија со овие барикади. Го направија како не знам каде да е. Сепак, добро е бидејќи секаде ја минуваа улицата. Ако се реализира многу добро, но кој знае дали ќе се направи“.
„Да, но каде ќе одат тие? Овој живее со семејство, каде ќе оди ако срушат? Не знам, тука ништо не може да се среди“.
-А за барикадите што мислите?
„Овие? Добро е што ги поставија, бидејќи тука свртуваа возила. Ништо од нивната работа, само лажат“
-Зошто?
„Видете ги зградите и дуќаните. Ова требаше навреме да се направи, а не сега. Пред два вечера рече дека улицата ќе се прошири, но не знам дали ќе се прошири. Не работат ништо“.
-Мислите ли дека тоа е добро решение?
„Да, нормално дека е, а не бетон да ставаат тука кон Чаир. Само Чаир е на ова дереџе, на другите страни улиците колку се широки, само кај нас катастрофа“.
Со проширувањето на улицата, околните објекти ќе мора да се отстранат. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, пред 10-тина дена за ТВ21 рече дека за две недели ќе почне да ги известува сопствениците на дуќаните.
„Мислам дека ова нема да се направи никогаш, мислам дека дури и не може да се направи. Оваа улица ќе остане ваква цел живот“.
-Каде имате дуќан, тука? Дали знаете дека Вашиот дуќан ќе биде отстранет доколку се прошири улицата?
„Да, велат дека треба да се отстранат, но сѐ уште немаме конкретни информации како ќе се направи тоа, според мене вака ќе биде постојано“.
Вака се одвиваше денеска сообраќајот на улицата „Цветан Димов“. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, неодамна изјави дека е изнајдено добро решение за ставање под контрола на сообраќајниот хаос.
Инаку, бетонските огради меѓу двете коловозни ленти беа поставени пред околу две години од страна на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, со цел регулирање на сообраќајот, но и покрај тоа метеж се создава во текот на целиот ден.
