Прослава без Црвенковски и Георгиевски – единствените живи потписници не дојдоа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ниту еден од двајцата потписници на Охридскиот рамковен договор, кои се живи, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгеивски не присуствуваа на прославата на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор иако беа поканети.

ТВ21 ги контактираше двајцата. Бранко Црвенковски до овој момент не одговори на прашањето зошто не одговорил позитивно на поканата, додека Георгиевски кусо ни одговори дека е на одмор, па поради тоа не можел да присуствува.

Освен Црвенковски и Георгиевски, потписници на Охридскиот договор со кој се стави крај на конфликтот во 2001 година се Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа, и Арбен Џафери и Имер Имери кои починаа пред неколку години.