Со народно оро и со полагање на венци цвеќе се обележа 118 годишнината на Илинденското востание за формирање на независна држава. Претставници на Владата, функционери, политичари од сите политички партии поставија цвеќе во Пелинце. Иако беа седнати под чадор, изгледа им беше топло.
Премиерот Заев рече дека Илинден е празник на сите етнички заедници кои живеат во земјата.
Денот на Републиката се празнуваше и во Скопје.
Делегација на Собранието предводено од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, поставија цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собрание и кај споменикот на Методија Андонов Ченто.
Како и секоја година беа присутни членови на семејството на Ченто. Но овој пат поинаку. Тие беа облечени со маички на кои пишуваше „Слобода за Јане Ченто“. Јане Ченто е осуден со 15 години затвор за насилниот упад во Собрание на 27 април. Неговата мајка негово ослободување тврдејќи дека е невин.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека државата е заедничка и дека сите имаат одговорност за да чуваат.
„Нашата држава е спој на различности, каде секој уникатен дел расте и се развива врз своите корени кои биле и се потврда на долговечноста и истрајноста на народите коишто живееле и биле дел од ова поднебје“, посочи Талат Џафери.
Со востанието на Илинден и Република Крушево во 1903 и потоа подоцна во вториот Илинден во 1944 со првиот состанок на АСНОМ беа поставени темелите на републиката и државата.
