Протест пред седиштето на СДСМ – ДУИ во заштита на Зибери: Разрешувањето е политичко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред седиштето на СДСМ се собраа точно во 14 часот. Откако се собраа сите, секој го зафати своето место. На дистанца, со маски и со молчење, активистите на “Јас верувам“ и “Зошто да не“ го изразија своето незадоволство за разрешувањето на Арбен Зибери од позицијата директор на Центарот за јавно здравје. Не сакаме враќање на Зибери, но велат дека наместо Александар Стојанов може да се назначи некој Албанец. Протестираа пред СДСМ бидејќи велат дека одлуката е политичка.

За разрешувањето незадоволство изрази и носителот на листа во ИЕ 2 од ДУИ, Арбр Адеми.

Зибери од позицијата директор на Центарот за јавно здравје беше разрешен од министерот за здравство, Филипче откако Зибери на Фејсбук напиша дека влијаел врз Комисијата за заразни болести да се укинат мерките за границите со цел да дојдат печалбарите и да гласаат за првиот премиер Албанец предложен од ДУИ. Филипче разрешувањето го образложи со чување на имиџот на Комисијата.