Протест во Белград пред РТС поради не емитување на спот против фирмата Рио Тинто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред зградата на РТС во Белград во 19 часот се одржа протест на граѓани поради одбивањето на јавниот сервис да го емитува спотот „Србија не е на продажба“ која се однесува на компанијата Рио Тинто која планира да направи фабрика за литиум во Србија.

Спотот е снимен од страна на повеќе познати глумци и претставници на здружението „Крени промени“.

РТС соопшти дека спотот против компанијата Рио Тинто не е емитуван поради тоа што со спотот не е доставена соодветна декларација како што е предвидено со Законот за огласување.