„Ако им треба магично стапче, еве едно од Хари Потер ќе им го дадеме. Ќе ги свиткаме нашите барања тие ќе му дадат моќ да направи промена. Мора да го решаваме проблемот, затоа што ако не го решиме тој ќе не реши нас“, вели Јане Димески.
„Од пред Министерството за животна средина преку Собрание демонстрантите се упатија на крајната дестинација, а тоа е зградата на Владата. Како и што може да слушнете од извиците се скандира и се бара чист воздух. Велат дека поминале 14 години од поставувањето на првата мерна станица за мерење на загаденоста на воздухот на улица Македонија, а од тогаш до сега промениле многу Влади, многу политичари но проблемот останува ист. Протестираат бидејќи како што велат во Македонија се бележат над 3800 смртни случаи поради ПМ 2,5 честичките, тоа изнесува 17% од вкупната смртност во државата. Загадувањето во Скопје и другите градови низ Македонија велат дека е проблем со години, на секоја власт“, вели репортерот на ТВ21.
„Се повеќе милијарди трошат, а за воздухот пак нула. Ништо. Оти буџетот е за друго резервиран. За тендери за набавка на нафта од нивните другари. Над 700 јавни институции во Македонија секоја година трошат над 20 милиони евра да купат нафта за да се загреат и да го загадат воздухот“, вели Јане Димески.
Беа упатени и неколку барања: Владата да ја задолжи УХМР да започне со прогнозирање на температурни инверзии во котлините, потоа се бара голем број на училишта и градинки низ државата особено во главниот град и општините да преминат еколошко затоплување на просториите наместо користењето на нафта и мазут како што во моментов се прави. Се бара јавно да се објави регистар на правни лица и нивни локации кои се должни да поседуваат Б интегрирана дозвола, но при контрола е утврдено дека истата ја немаат.
