Протести и во Романија, илјадници луѓе на антивладиниот собир во Букурешт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илјадници луѓе се собраа денеска во Букурешт на митинг на крајнодесничарската партија Алијанса за Унијата на Романците (АУР) против владата на премиерот Марсел Чолаку.

На митингот се обратија и лидерот на партијата АУР, Џорџ Симион, како и десничарот Калин Ѓорѓеску, победникот од поништениот прв круг од претседателските избори, пишува сајтот Диги24.

За време на протестот, дојде до препукување меѓу демонстрантите и полицијата, при што некои демонстранти фрлаа предмети и пластични шишиња кон полицијата.