Денес низ цела Франција се одржаа митинзи по повод Меѓународниот ден на трудот, а Општата конфедерација на работници (ЦГТ) објави дека на нив учествувале околу 300.000 луѓе, додека инциденти се регистрирани во неколку градови, вклучувајќи го и Париз.
Митинзите се одржаа со барања за подобри плати, укинување на пензиските реформи, а се слушнаа и слогани против „Трампификацијата на светот“, објави француската телевизија БФМ.
Како што изјави ЦГТ, низ целата земја се одржани над 260 протести, а во неколку од нив се регистрирани инциденти.
