Протестите на тутнарите во мирување, од понеделник враќање на вагите и продажба на тутунот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Протестите на тутунарите ставени во мирување. Откупот на тутунот продолжува во понеделник. Решението произлезе по денешната заедничка средба меѓу првите луѓе на министерството за земјоделство,тутунарите и откупувачите на тутун. Претставникот на сите тутунари и повереник на Министерството за земјоделство, повика од понеделник на враќање на работните места и на вагите.

„Да си тераат работата за тоа што се ставени. Секоја една кутија која нема да биде реално проценета да биде тргната на страна. Доколку проценителот не се сложува со проценката да биде оставена за второ степена комисија. Доколку одбитокот е поголем од пет проценти и таа кутија да биде тргната. Да се извести инспекторатот за да излезе на лице место.“, вели Менде Стонароски, претставник на сите тутунари.

Ситуацијата ќе се следи до следниот петок, за кога е закажана следната средба во Министерството за земјоделство.

„Барањата на тутунарите се реални, загрижувачки затоа донесовме заедничка одлука, од понеделник да се стави во редовна линија откупот на тутунот. Протестите нема да се одвиваат и следниот петок ќе имаме дополнителен состанок во ист состав за да процениме дали има подобрување во делот на откупот на тутун. Врз основа на тие заклучоци ќе одлучиме како понатаму“, велат од министерството.

Незадоволството кај тутунарите е огромно потенцираа од Иницијативниот одбор

„До петок да се носи тутун. Ќе биде флексибилна линијата на ланското ниво. Ако остане вака, ние му кажавме што ќе се случи, ќе блокираме се. Ќе изгубиме ние, ама ќе изгубат и тие. За да не се случи тоа, да правиме Вухан во Македонија, нека си ги отворат очите сите институции.“, вели Игор Мирчески од Иницијативен одбор на тутунарите.

Барањата на тутунарите се реална проценка на родот и минимална откупна цена од 200 денари за килограм. Тие уште еднаш се пожалија дека откупувачите манипулираат со нив. Повисоките класи ги ценат помалку реагираат тутунарите. Не дојдовме тука за да не манипулираат велат, погодените. Ние сме професионалци, си ја знаеме работата. Да не дојде до тоа да ја оставиме мотиката и да влеземе во политика. Оставете не во земјоделството кај што ни е местото, велат тутунарите