Во Јемен, во земјата во која владее тешка ситуација поради војната, се појави првиот случај на коронавирусот, додека невладините организации стравуваат од катастрофални последици доколку епидемијата се прошири.
Се чини дека не се почитува примирјето кое го прогласи воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, сојузничка на властите во Јемен.
Со објавата на примирјето пред појавувањето на случај со коронавирус, Ријад ја наведува како овмозможување на борба против Ковид-19 во таа сиромашна земја во која се заканува и глад.
„Првиот потврден случај на коронавирусот е регистриран во покраината Хадрамаут, на југот од земјата“, објави на „Твитер“ владината Комисија за пандемија.
Заразениот прима медицинска нега и неговата ситуација е стабилна.
