Прва претседателска дебата пред вториот круг: Стево Пендаровски – Гордана Силјановска Давкова на ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 ја организира првата претседателска телевизиска дебата пред одржувањето на вториот круг.

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова утре (30.04.2024) година ќе бидат гости во нашето студио. Дебатата започнува во 21 часот и 15 минути.

Секој кандидат на почетокот од дебатата ќе може да ја презентира својата програма во времетраење од 4 минути, а потоа следуваат прашања од различни области. Секој има право на одговор во времетраење од 90 секунди и право на реплика од 30 секунди.

Дебатата во живо ќе се пренесува на сите веб и друштвени мрежи на ТВ21.

ТВ21 пред првиот круг од претседателските избори ја организираше и првата и единствена дебата меѓу Бујар Османи (кандидат за претседател од ДУИ) и Арбен Таравари (кандидат за претседател од „Вреди“) со превод на македонски јазик. Дебатата е прегледната над 1 милион пати, од кои само 500 илјади на друштвената мрежа Фејсбук.

Клучни изјави на Стево Пендаровски

  • Република Македонија нема друг пат, да не си прави никој илузии, освен европскиот интегративен и затоа, со сите наши ресурси, мораме да се движиме забрзано натаму.
  • Не се согласувам претседателот на државата да се избира во собранието затоа што со сегашните надлежности кои извираат од директниот избор од граѓаните, тој има многу поголема морална сила и поткрепа.

Клучни изјави на Гордана Силјановска Давкова

  • Уставните измени не се гаранција за брзо чекорење кон ЕУ, ниту за почит, а уште помалку за самопочит.
  • Ќе дојде одговорен претседател, ќе дојде одговорен парламент што ќе ја почитува опозицијата и државнички ќе се однесува, ќе дојде нов состав на Уставен суд што ќе го брани уставот. Тогаш ние еден ден со една уставна промена, важна, ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост.