Косовската владејачка партија Самоопределување, предводена од премиерот Албин Курти, е на пат да победи на парламентарните избори, но не доволно за самостојно да формира влада, покажаа излезните анкети во неделата, 9-ти февруари.
Партијата на Курти освоила 37,18 проценти од гласовите , опозициската
Демократска партија на Косово 22,4 проценти и Демократската лига на Косово околу 20 посто.
Централната изборна комисија соопшти дека според првичните податоци излезноста била 40,04 проценти.
Курти дојде на власт во 2021 година , кога коалицијата предводена од
Самоопределување освои повеќе од 50 отсто од гласовите.
