Првото училиште во Блаце-ниту вратата од училиштето не е поставено на вистинската страна

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На местото каде што се гради и на прв поглед ова не личи на училиште, но за среќа по многу чекање и многу години, како што бараа жителите од ова село, конечно почна изградбата на училиштето.


Жителите на Блаце не мислеа дека училиштето ќе биде монтажно. Тие очекуваа да биде со цигли, како сите други училишта.


Ние баравме школото да се гради со цигли како што треба а не монтажно, јас лично сум против, вели Метали Барди, еден од жителите на селото.


Жителите велат дека и вратата на школото е на спротивна страна.

Според направениот проект, ова ќе биде влезот на училиштето. Некои од жителите кои го виделе проектот велат дека овде ќе има две училници, а каде ќе бидат тие две училници, може да се види дека објектот е многу мал.


Метали Барди, жител од селото Блаце вели дека работата не се прави како што треба.

„Се гледа дека овде работат нешто но не се прави ништо.
Тендерот за ова училиште е објавен два месеца пред локалните избори“, вели Барди.

За изградбата се пофали и првиот вицепремиер Артан Груби. Тој на прес конференција рече дека школото е при крај.



Сега и таму градиме, го надминавме проблемот и е при крај и училиштето во Блаце, рече Груби.


Според тендерот, изградбата на ова училиште го чинеше државниот буџет над 6.8 милиони денари. Во ова училиште ќе учат околу 50 ученици, кои до сега патуваа до Елез Хан за да следат настава.