Шокатно делуваше информацијата дека Лионел Меси после повеќе од две децении ја напушта Барселона. Клубот објави дека нивниот капитен го напушта тимот, а Лапорта објасни дека доколку Меси продолжел во Барса, тимот ќе банкротирал.
Но, нема да помине долго за Меси да најде нов клуб. Негова нова средина најверојатно ќе биде Париз и тимот на ПСЖ. Наводно преговори траат, и треба да биде договорено во следните неколку дена.
Француските медиуми во текот на вчерашниот ден пишуваа дека ПСЖ наводно ја откупил Ајфеловата кула на еден ден (10. август) за да може да го промовира Меси, со што ќе го комплетира „дрим-тимот“ на парижаните.
За потсетување дека ПСЖ досега ги ангажираше Донарума, Рамос, Хакими, Вајналдум, а во своите редови ги има Нејмар, Маркињос, Верати, Ди Марија, Мбапе.
Тоа би бил дрим-тим, но останува да се види дали Меси ќе ја прифати понудата на ПСЖ или ќе се реши за друга средина.