Пукање во кафеана во Србија, најмалку еден загинат и двајца повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Страв на Бадник во Србија. Во Јагодина се повредени неколку лица, откако се случило пукање во кафеана. Итната помош е на терен, јавуваат медиумите.

Настанот се случил во населбата Стрелишта во Јагодина. Според првите информации, повеќе лица се скарале во кафеана, по што дошло до пукање, а повеќе лица се повредени.

Уште нема официјални информации, a „Телеграф“ пренесува дека има загинато најмалку едно лице, и неколку повредени.

Споерд информациите од итната медицинска помош во Јагодина, починал сопственикот на кафеаната, додека две лица (момче и девојка) биле повредени, едниот во нозете, другиот во стомакот. Двете лица се пренесени во болница.