Пуштен од болница таткото кој си ги уби трите деца во Хрватска – ќе биде сослушан од полицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лицето Х.К., кој пред неколку дена си ги уби сопствените деца во загребската населба Млинари е пуштен од болницата „Сестри на милосрдие“ во текот на вчерашниот ден, откако беше згрижен поради испиена голема количина на лекови.

Тој доцна попладне, со амбулантно возило бил префрлен на психијатриската клиника, каде бил извршен психијатриски преглед. Дежурните лекари заклучиле дека нема причина тој да биде хоспитализиран во таа болница.

Испитувањето покажало дека не е потребна итна психијатриска интервенција, па затоа бил пуштен од болница и однесен во придружба на полиција.

Полициската управа во Загреб кратко објави дека во 19,45 часот 56-годишниот осомничен е уапсен и однесен во просториите на Криминалистичката полиција.

Како што дознава порталот, лицето се уште не сака да комуницира, а единствениот здравствен проблем што го има во моментов е високиот крвен притисок, од кој бил лекуван и пред овој монструозен чин.

Додека 56-годишното лице беше во болница, полицијата и државното обвинителство спроведоа цела истрага, а единственото нешто што се уште се чека е токсиколошкиот преглед на крвта на убиените деца за да се потврди или демантира информацијата дека таткото прво се обидел да ги отруе децата со седативи, но кога не успеал, ги убил со голи раце.

Лицето сега треба да ангажира адвокат или пак ќе му биде доделен по службена должност, за со него да биде присутен на првото испрашување, бидејќи се товари за најтешки кривични дела.

По полициското испрашување следува кривична пријава, по што Х.К. би бил во притвор од каде што би заминал во Обвинителство кога и формално ќе се отвори истрага против него.

Само за време на истрагата, која Државното правобранителство ќе ја отвори со својата одлука, најверојатно ќе се спроведе психијатриски преглед на таткото со цел да се види дали тој бил здрав во времето на злосторството.

Фактот дека се работи за австриски државјанин нема да значи ништо во смисла дека неговата татковина може да ја преземе јурисдикцијата над оваа постапка. Единствено што може да побара подоцна е да му биде дозволено да ја отслужи казната во Австрија, на што Република Хрватска може, но не мора да се согласи.

Инаку, во босанскиот град Неум за утре е прогласена ден на жалост, бидејќи мајката на трите деца е по потекло од тој град.