Путин го разреши еден од најблиските советници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин го отпушти Владислав Сурков, еден од своите најблиски советници и соработници.

Тајниот стратег бил познат под името „сив кардинал“ во Русија, затоа што се верува дека имал големо влијание врз претседателот.

Сурков се занимаваше со политиката кон Украина, но од неодамна беше ослободен од таа должност. Му помогна на Путин да ја зацврсти власта.

Засега не е позната причината за разрешувањето.