Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска имал „долг телефонски разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин.
Според него, лидерите на двете земји разговарале за конфликтот во Украина, Блискиот Исток, енергетските прашања и низа други прашања, пренесе Ројтерс.
Се очекува наскоро да има детали околу овој разговор. Трамп по доаѓањето на власт рече дека ќе стави крај на војната во Украина.
