Путин: Непријателот се повлекува во сите правци, руските сили напредуваат на фронтот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Русија изјави дека украинските сили се повлекуваат на сите правци и дека иницијативата на фронтот сега ѝ припаѓа на руската армија.

„Откако украинската војска беше протерана од територијата на Курската област, целата иницијатива на фронтот е во рацете на руската армија“, рече Путин на почетокот на годишната прес-конференција на која прашања му поставуваат новинари и граѓани, пренесува Спутник.

Тој наведе дека заземањето на Северск го отвора патот кон Славјанск, додека руските сили, како што истакна, активно дејствуваат и на јужно-лимaнскиот правец.

„Красни Лиман наскоро ќе биде ослободен. Славјанск, Краматорск и Константиновка во моментов се главните упоришта на Украина“, изјави рускиот претседател.