Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за време на настанот по повод „Светскиот ден за безбедност и здравје при работа“, објави дека Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година предвидува неколку мерки насочени кон обука и развој на дигитални вештини.
Тие вклучуваат обука за напредни ИТ вештини, за специјалисти за вештачка интелигенција, специјалисти за компјутерски мрежи, како и обука за дигитален маркетинг и модерни технологии базирани на вештачка интелигенција, со цел работниците да стекнат знаења и вештини во овие области.

„Како министер за економија и труд кој има надлежност и улога да се грижи за правата на работниците во светот на дигитализацијата, не смееме да го заборавиме работникот кој треба да биде опфатен со секоја измена на секој технолошки развој. Треба да бидеме свесни за тоа како технолошките промени влијаат на физичкото и менталното здравје на работниците“, вели Бесар Дурмиши.
Јасмина Чаловска, претседателка на Советот „Безбедна и здрава работа во дигиталното доба“, вели дека дигитализацијата на оваа ера може да доведе и до прекин на меѓучовечките односи, особено за оние кои работат од дома. Таа додаде дека дефинитивно треба да се води кампања за најава за дигитална работа, со цел безбедноста на работниците.
Но во оваа дигитална ера, како што е соопштено, министерството ќе работи за подигање на свеста, за поттикнување дебата и дискусии околу важноста на безбедноста и здравјето при работа.
