Ралповски: Од 2020 до 2022 година Македонија изгуби 100.000 работници поради неусогласување на платите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изјави дека за две години државата изгубила околу 100.000 работници.

Како што вели, тоа е последица на неусогласувањето на платите.

„Од 2020 до 2022 година кога се покачуваше минималната плата, Македонија изгуби 100.000 работници, е затоа изгуби работници затоа што немаше усогласување на платите“, истакна Ралповски.