Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека рускиот напад врз Украина придонесе Европската унија да ја промени перцепцијата кон проширувањето.
Рама на форумот во Блед под слоганот „Свет на паралелни реалности“, изјави дека токму нападот на Русија ја натера ЕУ да сфати дека „живее во паралелен свет“.
„Се чувствував охрабрен, бидејќи конечно слушнав некој да го каже тоа што јас го зборувам од првиот ден. Путин мораше да ја нападне Украина за да и помогне на ЕУ да сфати дека живее во паралелен свет. Пред една година, овде во Блед, Урсула фон дер Лајен вети нов план за раст кој сега е на вистинскиот пат. Мораме да ја завршиме целата работа за да бидеме подготвени за влез во ЕУ. Да добиеме повеќе инструменти и да влеземе во повеќе области на ЕУ“, рече Рама.
