Емел Рамковска, ќерка на сопственикот на А1 Телевизија Велија Рамковски, во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека била изненадена од коментарите на луѓето кога поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска влегла во затвор.
„Моментот кога се случи таа вест со одењето во затвор на бившата министерка се изненадив од тоа колку се уште беше свежа раната за се тоа што се случуваше пред 10 години. Јас се изненадив што бев толку често спомнувана, се изненадив од коментарите на луѓето, мислам дека по бесни од мене се за тоа што се случуваше“, посочи Рамковска.
