Границите со Грција остануваат затворени до 25 октомври.
Одлукатата се однесува на копнените, морските и авионските поврзувања на земјата.
За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.
Од останатите гранични премини што се отворени, Богородица кон Македонија, потоа двата премини со Албанија, кон Бугарија и Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест.
Последното продолжување беше за периодот од 1 до 12 октомври 2020 година, а од денеска стапуваат во сила новите одлуки кои синоќа беа објавени во Службен весник на Грција.
