Рашиди: Во знак на револт, албанската опозиција се повлекува од седницата за пратенички прашања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сурија Рашиди, пратеникот на Алијанса за Албанците, на седницата за пратенички прашања истакна дека во знак на револт, албанската опозиција денеска нема да поставува пратенички прашања.

Албанската опозиција на почетокот реагираше на редоследот на листата на пратеници за поставување на пратенички прашања. Прв реагираше Скендер Реџепи, кој побара пауза за координација околу редоследот. Меѓутоа очигледно ниту таа пауза не помогнала многу.

„Во знак на револт, нема да учествуваме на оваа седница“, најави Рашиди.

„Тоа е ваше право“, му врати Талат Џафери.