Расте бројот на заразени во Македонија – нови 5 позитивни, бројката скокна на 31, заразен медицински персонал во Дебар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот.

Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.

Министерот исто така рече дека епидемијата е во полн ек и дека граѓаните треба да ја сфатат сериозно. Филипче додаде дека бројот на заразени во нашата земја може да се искачи на 2.000 и дека пикот на вирусот се очекува од средината на следниот месец.

Состојбата на пациентите кои се во карантин во Скопје и Дебар е стабилна. Филипче уверува дека капацитетот на Клиниката за инфективни болести е подготвен и дека наскоро се очекува да пристигне помошта од Кина која се состои од маски и респиратори. Околу 200 патници од странство, кои се заглавени на унгарско-српската граница се очекува преку Бугарија да пристигнат во Македонија. Првиот човек на здравство, Филипче, извести дека тие без запирање и без напуштање на транспортот ќе бидат преземени од граница и сместени во капацитетите на полигонот Криволак. Инаку, Македонија ги затвори сите копнени граници и аеродромите.