Во Тетово вечерва е затворен хотел и растурена е свадба, јавуваат од Државниот пазарен инспекторат, пренесува „Плус Инфо“.
Полицијата го привела управителот на ресторанот, поради непочитување на протоколите за забрана за големи собири и веселби.
МВР во последните неколку дена затвори неколку угостителски објекти кои биле затекнати како организираат свадбени и други веселби кои се забранети поради пандемијата.
МВР во текот на утрешниот ден ќе излезе со повеќе детали околу вечерашното затворање на ресторанот во Тетово.
