„Битката во ДУИ ја доби Муса Џафери со тоа што се врати на политичката сцена, е сега да видиме кој ќе ја добие војната“, изјави новинарот Арбен Раткоцери во синоќешното издание на „Клик Плус“, говорејќи околу последните настани во ДУИ.
-Реално, битката ја доби Муса Џафери, сега треба да видиме кој ќе ја добие војната, вака би се изјаснил. Најголемиот победник, ако гледаме од сопствено и лично гледиште е г.Џафери кој се враќа на политичката сцена. Според мене, тој е еден од оние во ДУИ на кој му е нанесена најголемата неправда, ако гледаме во континуитет. Тоа е така, бидејќи тој ја плати највисоката цена на сите овие измени, на револуцијата што се случи во државава, вели новинарот Арбен Раткоцери.
Аналитичарот пак, Џељал Незири вели дека сите групации досега во ДУИ не ја оспориле позицијата на претседателот на партијата, Али Ахмети.
-Мислам дека досега, имајќи предвид дека успеа да ја одржи обединета партијата, сите овие групации возвишуваа само една фигура, односно г.Ахмети…
-Но, ги оспоруваа неговите одлуки, не заборавајте во тоа. Претседателот не се оспоруваше, но неговите одлуки да.
-Сепак, ниту една групација во ДУИ не покажа дека има амбиција или мотив да ги оспори одлуките на претседателот на партијата. Не очекувам некаков подраматичен развој во ДУИ, рече аналитичарот Џељаљ Незири.
Аналитичарот Сефер Селими, на став дека Меџити и Беџети имале целосно право да бараат повеќе, бидејќи токму тие ја креирале структурата за собирање гласови во Скопје.
-Тие имаа целосно право, бидејќи тоа беа луѓе кои на терен, дури и користејќи го името на Али Ахмети наутро, напладне и навечер, влегувајќи во долгови, цело време вршејќи услуги, со овластувања кои Ахмети свесно им го довери 20 години, создадоа структури кои нормално имаат моќ да бројат гласови, изјави аналитичарот Сефер Селими.
Селими додаде дека „огнот“ во ДУИ штотуку почнал, но според Раткоцери, со повторното обединување на ДУИ функционирањето на Владата ќе биде попроблематично, бидејќи, како што рече, не се знае која група ќе влијае врз важните одлуки, како што е добивањето тендери.
