Разговор со инвеститорите за „Попова шапка“: Нова жичарница ќе го поврзе Тетово со туристичкиот центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зе разговора со сериозни инвеститори за туристичкиот центар „Попова Шапка “, да се направи еден од најголемите во Европа, потврдува премиерот Христијан Мицкоски.

-На вистинскиот пат сме, не велам дека сме сигурни, се зборува за многу сериозен инвеститор и знаете дека работите не одат толку брзо колку што понекогаш сакаме, но јас сум оптимист дека ќе ја достигнеме конечната цел Попова Шапка да биде најубавиот туристички центар во овој дел од Европа. Имаме договори и сега се дефинираат деталите, па се зборува за грандиозни инвестиции и мора да се сфати поширок концепт, бидејќи Попова Шапка со можностите што ги нуди ако се спореди со големите туристички центри на Алпите, сепак има десет километри повеќе можности за скијачки патеки-рече Мицкоски.

Премиерот најави и изградба на нова жичарница од Тетово, што би го направило туристичкиот центар да работи 365 дена, а не само во зимската сезона.

-Од меѓународен аеродром за 45 минути сте на пистата со скијачки чизми. Се зборува и за жичарницата Тетово-Попова Шапка, но не за оваа траса, туку ќе се гради нова траса, но не зборувајте за тоа сега, ќе зборуваме за тоа подоцна“, вели Мицкоски.

Телевизија 21 дознава дека инвеститорот за кој зборува премиерот Мицковски, а кој претходно го спомена градоначалникот на Тетово Билал Касами, е од Катар, а не италијанската компанија Алпин што ја промовираше претходната влада.