Продажбата и конзумирањето на алкохол ќе бидат забранети за време на Светското првенство во Саудиска Арабија 2034 година, пишува „Гардијан“. Медиумот се повикува од извори на „високо ниво“ во ФИФА.
Алкохолот во Саудиска Арабија е забранет од 1952 година, а разлика од соседите како Катар и Обединетите Арапски Емирати. Оваа регулатира се почитува и во луксузните хотели за странски туристи.
Конзумирањето и поседувањето на алкохол се казнува со казни како парични, така и затворски. Од јануари 2024 година постои бар во Ријад кој лекално продава алкохол на немуслимански дипломати.
ФИФА ќе се заштити и од повторување на инцидентот во катар од пред две години кога алкохоло првично беше дозволен, па на два дена пред почетокот на првенството забранет под притисок на семејството Ал тани.
