Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ извести дека после денешната сообраќајна несреќа во која учествувал министерот за одбрана Марио Баножиќ, во која загинало едно лице, го разреши од должноста Баножиќ, и го задолжи државниот секретар Здравко Јакоп да го води министерството.
Во несреќата утрово во Винковци, загина Горан Шариќ, додека Баножиќ е тешко повреден и пренесен во болница.
„Изразивме сочувство до семејството на Шариќ преку градоначалникот на Винковци кој ја посети сопругата на министерот Шариќ, и во контакт сме со неа“, рече премиерот.
„Во тие околности кои се вонредни поради оваа тешка сообраќајка, го разрешив Баножиќ од должноса министер за одбрана“, додаде тој.
Според првичните информации од несреќата, возилото со кое управувал Баножиќ претекнувал камион и удрил во комбе, по што возачот на комбето загинал. Баножиќ одел во лов. Неговиот живот не е загрозен, но се наоѓа на интензивна нега.
