Редици за аплицирање за ваучер за клима – МЕ: Само вчера аплицирале 500 граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ


„Пред Министерството за економија можат да се забележат граѓани кои чекаат во долги редици за да аплицираат за ваучер за инвертер клими“, вели репортерката на ТВ21.

Иако чекаат ред, сепак не се сигурни дека ќе добијат ваучер. Велат дека дошле за да си ја пробаат среќата.

Еден од граѓаните рече дека чека веќе еден час за да поднесе барање.

Од ресорното министерство за ТВ21 велат дека бројот на апликациите е доста висок. Само вчера аплицирале 500 граѓани.

„Бројката е поголема ако се земат во предвид апликациите кои се пратени по пошта од граѓаните од другите градови. Граѓаните ќе можат да аплицираат директно со носење на апликацијата во Архивата на Министерството за економија или да ја испратат апликацијата по пошта. Рокот за аплицирање за Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност е 12.02.2024, а рокот за аплицирање за Програмата за ранливи потрошувачи на енергија е 15.02.2024“, порачаа од Министерството за економија.

Инаку, министерот Крешник Бектеши пред два дена извести дека услов за добивање ваучер е домаќинствата во изминатите три години да не користеле средства од кој било извор за надоместок на трошоци за грејни уреди, да немаат приклучок на централно градско греење и уредот да го купат во текот на 2024 година.