Редиците се намалија, но повторно се чека – од денеска во „Пролет“ само со термин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денеска во Полициската станица „Пролет“ граѓаните кои сакаат да извадат лични документи тоа можат да го сторат само со однапред закажан термин.

МВР одлучи овој пункт веќе да не работи без закажување, па затоа во споредба со другите денови имаше помалку луѓе кои чекаа ред. Некои од нив велат дека не можат да завршат работа иако имаат закажано термин.

„Тука кај Полициската станица „Пролет“ повторно може да се видат граѓани кои чекаат ред за да се сликаат, иако веќе имаат закажано термин“, вели репортерката на ТВ21.

„Вчера ни се јавија и ни рекоа дека терминот ќе се премести за денеска, а редовниот термин го имав закажано за 2 мај 2024“. 

Инаку, од МВР информираа дека трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје.