„Рекет“ се одложи поради лошата здравствена состојба на Боки 13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денешното рочиште за „Рекет“ се одложи поради лошата здравствена состојба на Бојан Јовановски – Боки 13 кој не дојде на судењето. Затворскиот лекар кој утринава го прегледал констатирал дека не може да присуствува на судење.

Веќе неколку пати Боки преку неговиот адвокат бара укинување на притворот и издавање на мерка куќен притвор поради лошата здравствена сoстојба.

„Не знам каде ќе го однесат сега. Судијата побара конзилиарно мислење за неговата состојба. Јас како аматер во таа област, во консултација со повеќе лекари, ви тврдам дека не може да присуствува на судење.“, рече Сашо Дуковски, адвокатот на Боки 13.

Следното рочиште е закажано за утре од 10 часот.