„Рекет“ затворен за јавноста – Боки 13 се пожали дека бил физички нападнат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Судењето за „Рекет” беше затворено за јавност.

Претседателот на судечкиот совет Васка Николовска Мазнева на почетокот на рочиштето ја исклучи јавноста поради тоа што ќе се пуштаат снимки кои содржат материјали кои, како што рече, би изнеле содржини од приватниот живот на дел од обвинетите.

На влегување во судницата, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 на новинарите им рече дека доцни на рочиштето поради тоа што бил физички нападнат од затворските службеници.

Од затворот го демантираат ова, велат дека имало само недоразбирање и одбивање за ставање на лисици на Бојан Јовановски.