Реконструкција на затворите во Идризово и во Битола со средства од ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера делегација од Европската Унија во Република Северна Македонија, присуствуваше на комплетирање на два проекти како поддршка за судскиот сектор во земјава.

Затворот Идризово во Скопје, доби нова соба за судење. Новата просторија ќе придонесе за подобар и побезбеден процес на судења во затворот. Целиот проект чини 1,25 милиони евра, од кои 975 илјади се обезбедени од ЕУ.

Реконструиран е затворот „Црн мост“ во Битола, кој прераснува во исовремена казнено-поправна установа. Реконструкцијата чинеше околу еден милион евра, од кои 750. 000 евра се обезбедени од европските фондови, а остатокот се средства на државата.

Со обновата беше опфатен простор од 1.420 метри квадратни, со капацитет за 82 лица и приемна просторија за четири лица. Реновирани се затворскиот дел, притворскиот, полуотвореното и затвореното одделение, административниот дел, шеталиштето, електричните инсталации, напојувањето, осветлувањето телекомуникациската опрема, видеонадзорот, греењето и ладењето на сите простории, како и толаетите.