Рекорден број на починати во Шпанија, 769 лица во последните 24 часа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно од најголемите жаришта на коронавирусот во моментов Шпанија, регистрираше рекорден број на починати лица во изминатите 24 часа, вкупно 769.

Со тоа вкупниот број на починати лица од коронавирусот се искачи на 4.858, додека заразени се 64.059 лица, што е скок за 14% за разлика од претходниот ден.

Моментално на интензивна нега се наоѓаат 4.165, додека излечени се 9.357 лица.