Бројот на затвореници во швајцарските затвори достигна 7.119 на 31 јануари 2026 година, што е највисока бројка од почетокот на статистиката, според извештајот на Федералниот завод за статистика (FSO), објавен денес. Големиот број затвореници доведе до национална стапка на зафатеност на затворите од 97 проценти, објави Swiss Info.
Од вкупно 7.119 затвореници, 63 проценти издржуваат затворски казни или мерки изречени од суд, 31 процент биле во притвор или притворени од безбедносни причини, додека шест проценти биле затворени од други причини.
Податоците се базираат на статистиката за изрекување кривични казни и статистиката за затворите, кои беа објавени денес од страна на FSO.
Бројот на кратки затворски казни без условна слобода падна на историски најниско ниво од 2.937 случаи, додека бројот на условни казни, што е најчестата мерка, достигна 78.693 случаи.