Ременски: Ако мислите дека со вестите за Фрчкоски и Османи ќе се покрие интересот за Сашо Мијалков, гадно се лажете

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екс пратеничката и членка на СДСМ Фросина Ременски, која неодамна го ажурираше членството на партија, повторно со интересен став околу најновите случувања.

Професорката порача на власта и обвинителството да побрзаат со истрагата за Мијалков, наместо да се обидуваат, како што вели, со „спинови“ да ја дефокусираат јавноста од овој случај.

„Ако некој мисли дека со “најпопуларните” вести за наводната “амбасадорската трка на Фрчковски” и “провокациите од Османи” за наводна промена на Уставот ЌЕ ГО ПОКРИЕ ИНТЕРЕСОТ “За одговорноста” за привилигираниот преговарачки и ексклузивен третман на Сашо Мијалков ГАДНО СЕ ЛАЖЕ.

И не се плашите од Сашо, тој е во затвор – ќе остане таму подолго од што се навива. Тоа за среќа е надвор од дометот на другарка му Вилма, нејзините “лични извори” и сите други знајни и незнајни “јунаци”. Работите, за да не ве сработат“, напиша Фросина Ременски на својот профил на „Фејсбук“.

🚩Многу спинови за дефокус од клучното прашање – до каде е истрагата за бегството на Сашо Мијалков⁉️

Ако некој мисли…

Posted by Frosina Remenski on Friday, March 5, 2021