Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатиравме со Фросина Ременски. Не можеше а да не стане збор за „Меѓународен сојуз“ за која Ременски е една од обвинетите.
Таа објасни што се случува со предметот, и до каде е постапката.
„Ме судат за углед и авторитет, очигледно тие што можеби го немаат, па треба да судат на други“, рече Ременски и додаде:
„Таа беше како и секоја друга невладина организација, и како носители на јавни функции и како граѓани, ја дадовме поддршката. Поддршка дадов и на други хуманитарни акции и на идеи. И тоа не е во тајни друштва. Поддршките на сите невладини организации, повеќе од 25 што ги имам на мојата листа во кои сум учествувала, сум ја дала и на Меѓународниот сојуз“, рече Ременски, која што на прашањето далку се чувствува измамена, кажа дека тоа е тежок збор.
Ременски додаде дека обвинителката не успеала, ниту да го докаже она што го има во обвинението за „Меѓународен сојуз“, зборувајќи за своето учество.
