Ременски: Три лаборатории нелегално се пренесени во МВР, а Владата носела лажна одлука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Некогашната пратеничка Фросина Ременски е гостин вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Ременски зборува за случувањата на Факултетот за безбедност, во кој во периодот од 2012 година се случи една афера откако случајно открила дека Факутлтетот поседува три врвни лаборатории за крим вештачења, но опрема која никој не ја видел. Лабораториите веднаш по доделувањето на Факултетот, биле предадени на МВР.

„Кога се добиваат тие лаборатории, без да се донесе одлука, со записник на примопредавање, тие се носат во МВР, наместо на Факултетот за безбедност. Записниците ги потпишуваат вработените во МВР, лажно вработени на Факултетот.

Што е поинтересно? 9-10 месеци подоцна Владата носи фиктивна, лажна одлука во која вели: опремата таа и таа, за која што знае дека е во сопственост на МВР, ја доделува на Факутлтеот за безбедност, а ние никогаш не ја добиваме“, вели Ременски.

Целата изјава низ видео: